Притвор за возачот на влекачот во кој се удри мотоциклистот кој загина кај Требениште

Обвинителството предложи, а судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор на возачот на влекачот во којшто удри мотоциклистот кој загина на магистралниот пат Охрид - Кичево, кај селото Требениште.

Влекачот, дел од механизацијата на градежната фирма која вршела изведба на работи на магистралниот пат, го управувал сега осомничениот граѓанин на Република Албанија.

Четириесет и четиригодишниот охриѓанец, кој управувал со моторот, по ударот, со тешки телесни повреди бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекарите само констатирале смрт.

По извршениот увид на лице место, надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, наредба за проверка на крв и урина, наредба за сообраќајно-техничко вештачење, како и други дејствија во насока на утврдување на фактите за сообраќајката.

Обвинителството поведе постапка против возачот на влекачот поради постоење на сомнение за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 4 од Кривичниот законик.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе