Продолжи седницата во Собранието: Протестите, празниците и платформата моментална топ тема

На дванаесеттата седницата на Собранието продолжува расправата за избор на претседател на Собранието на Република Македонија и Избор на комисија за избори и именување.

Седницата почна по половина час доцнење од најавениот почеток во 12 часот. Откако претседавачот Трајко Вељановски на говорницата го повика пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, а тој не беше присутен, дебатата ја отвори Димитар Стојананџија од ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика Заев да се откаже од тиранската платформа.

„Македонската јавност чека една реченица да биде изговорена, еден одлучен став. Една реченица која ќе ја нормализира состојбата во Македонија. Една реченица која ја посакуваат пензионерите. Таа реченица треба да ја изговори лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Реченицата гласи „Ја отфрламе Тиранската платформа бидејќи нема да и служи на Македонија“. Има уште две реченици, „СДС да направи влада со сто пратеници“. Како резултат на ова што го говорам, е ситуацијата која ја имаме во овие 45 дена, ситуација која ги изненади сценаристите на Република Македонија, а тоа се протестите. Апелирам посебно до оние кои ја добија довербата а не го кажаа тоа, да покажат државност. Граѓаните сакаат манифест, не сакаат платформа“, вели Димитар Стојананџија.

На говорот на Стојананџија, прв за реплика се јави Влатко Ѓорчев, исто од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Мојата е реплика е во она што се нарекува политички легитимитет. Кога доаѓа нова влада во Република Македонија, таа има поддршка од јавноста. Како и секоја влада ќе се соочи со поголеми проблеми и во тие две три години се случуваат многу работи. Ќе се навратам во 2002, каде СДСМ каде имаше 61 пратеник. Нас ни требаа три години да се израмниме со СДСМ во рејтингот, но не беше лесно. Се случи Законот за територијална поделба. На СДСМ во периодот 2006-2016, им требаше многу време тоа да се случи. Оваа влада во најава од прв ден е делегитимирана од граѓаните на Македонија. Оваа влада од прв ден има 200 илјади луѓе на улиците. Не е тајна дека СДСМ имаше повеќе гласачи во Карпош, Центар и Аеродром, но во еден куп други места отпорот кон оваа влада е голем“, вели Ѓорчев.

Откако Ѓорчев го кажа својот став со искористување на своето право на реплика, Милошовски го зема местото на говорницата.

„Разликата денес, за разлика од денот на изборите е тоа што за време на изборите даваа доверба заради различни проекти или угледот на пратеникот. Разликата е што денес сите кои гласале различно се сплотени. Не може поради еден политичар, кој има некакви проблеми со судот, да и биде судено на Македонија. Ние сме тука како граѓани на оваа земја, еднакви со оние кои протестираат, затоа што имаат причина и повод по изборите да се чувствуваат изневерени. Овие денови треба да бидеме достојни на нашата задача и да не долеваме масло на огнот и да го почитуваме гласот на народот“, вели Милошовски.

Зоран Илиовски праша дали е прифатено рушење на уставниот поредок, двојазичност на целата територија на Македонија и според него, најважното прашање, како планира да го реши името на Македонија и дали тоа ќе биде по грчки терк.

„Неспокојот на граѓаните го изразуваат на улиците, низ сите градови и населени места во Македонија. СДСМ на чело со нивниот лидер, сакаат на мала врата, со уставни решенија да ја редефинираат Македонија“, вели Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски од говорницата, посочи дека работите не може да се кријат под маса.

„Ние во Собрание веќе трета недела зборуваме за платформа, декларација или како и да е. Надвор од Собрание се најавија три нови странски инвестиции, од кои една во Скопје, една во Струмица и третата во населено место Желино, каде 80% се Албанци. Треба да имаме платформи за пензионерите и младите, но наместо тоа, добиваме намера на редефинирање на Република Македонија.“, вели Димовски.

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ им укажа на пратениците од СДСМ дека завршило времето кога работите можат да се подметнат на мала врата.

„Живееме во претпразничка недела, но граѓаните од православна вероисповед, ве молам да не правиме работи кои предизвикуваат тензии. Ги молам сите пратеници, посебно оние од албанските партии, да ја следат целата ситуација и да понудат решенија за на крајот од денот да го видиме светлото на тунелот. Тврдо удирање во ѕид, никаде не ја води Македонија“, вели Мукоски

По низата реплики и контра-реплики, пратениот на СДСМ, Павле Богоевски им посочи на колегите пратеници дека денес се навршува една година од почетокот на „Шарената револуција“

„Повеќе од 10 дена го гледаме вашиот циркус, како го сквернавите она што за нас беше граѓанска свест. Денес е една година од најголемите граѓанско будење. Тоа беше спојување на партии и непартиски граѓани. Благодарение на „Шарена Револуција“, Груевски и останатите лица не се аболицирани и сте обвинети лица. Прво се криевте зад претседателот Иванов, сега зад Вељановски. Нè нарекувате насилници и криминалци, дека сме уништувале и сквернавеле споменици, но да почекаме прво да излезе на виделина вистината за проектот „Скопје 2014“. „Шарената револуција“ направи многу! Јас ќе бидам „шарен“ долго откако ќе бидам пратеник“, вели Павле Богоевски.

Вељановски му реплицираше на Богоевски, дека „Шарената револуција“ двапати го има оштетено Законодавниот дом, а истата се плаќала од џебот на граѓаните. По овие излагања, претседавачот Вељановски даде петнаесет минути пауза за пратениците.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе