Протестот против одлуките на претседателот продолжува денеска

Во понеделник во 18 часот продолжува протестот на граѓаните против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува сите политичари од дела кои се водат или ќе се водат против нив. 

„Изминатите пет дена, гласно кажавме дека нема да дозволиме крадците на нашата држава да ја украдат и нашата иднина. Секој ден, сѐ повеќе и повеќе граѓани и граѓанки излегуваа на улиците на Скопје, Битола, Струмица и други делови на Македонија,решително и во еден глас извикувајќи: „Нема правда, нема мир!“ Сплотени како никогаш досега, неуморно марширавме покажувајќи го својот револт кон злосторничкото здружение и кон нелегитимниот претседател, кој со аболиција срамно реши да ја лиши Македонија од правдата, вистината и од сатисфакцијата дека никој не е над законот и дека секој ќе одговара за стореното. Но, најтешкиот дел допрва следува! Во деновите кои се пред нас треба здружено да го кренеме гласот и да ѝ покажеме на корумпираната власт дека нема да дозволиме уште едно изигрување на интелигенцијата, уште едни недемократски избори и уште едно погазување на достоинството и волјата на народот во оваа држава“, објаснуваат организаторите.

Пишуваат дека вчера, недела, е ден што ќе го искористат за координирање и меѓусебно организирање, за од понеделник, уште помасовно и похрабро да ја пренесат нивната порака.

Во меѓувреме, дадоа целосна поддршка на нашите соборци во Битола, Велес и Вашингтон кои протестираа и вчера.

На улиците на Скопје се протестираше пет дена континуирано, беше демолирана Народната канцеларија на претседателот, беа приведени 14 лица, од кои само двајца заработија пријави. Се фрлаа јајца кон канцеларијата на Иванов, со боја се гаѓаше порта „Македонија“, на која се испишаа и некои пароли.

Протестите главно минуваа во мирна атмосфера.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе