Рајанер и Визер казнети за новите правила за рачен багаж

Италија им изрече парични казни на авиопревозниците Рајанер и Визер за нивните нови правила за рачен багаж.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Италија (АГЦМ) соопшти дека таксите од 5 до 25 евра, кои компаниите ги наплаќаат на патниците, за да земат поголеми куфери во авионот, претставуваат прекршување на правилата.

Рајанер е казнет со 3 милиони евра, Визер со 1 милион евра.

– Рачниот багаж е суштински елемент од услугата воздушен транспорт и неговото пренесување треба да биде дозволено без наметнување на дополнителни трошоци, се наведува во одлуката АГЦМ.

Новите правила за рачен багаж беа воведени од двете големи буџетски компании во ноември.

Тие ја намалија големината на куферите, кои компанијата им дозволува на патниците да ги внесат во авионот.

Од  АГЦМ им забележаа на Рајанер и Визер и за практиката таксите за поголемите куфери да не бидат вклучени во основната цена на билетот.

Според агенцијата, ова е во спротивност со правилата во Европската Унија.

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе