Расте бројот на новозаразени, ревакцинирани 401.336 граѓани

Во земјава расте бројот на заразени со коронавирусот. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи на инфицирани, од направени 5.276 тестирања.

Последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај. Најголем дел од новите случаи се во Тетово и тоа 60, Скопје 34, Гостивар 21, Куманово и Битола по осум. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и три починати лица во болнички услови.

Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои нјамногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21.

Според последниот извештај на Министерството за здравство, неколку општини се без активни случаи на COVID-19. Тоа се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.

За граѓаните од вчера е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store, со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада, каде се користи најмногу.

Покрај патувањето и доказ за вакцинација, со CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

Од ресорното Министерство посочуваат дека за преземање на овој сертификат граѓаните треба да се најават на веб-страницата vakcinacija.mk , во својот личен профил можат да го најдете нациналниот сертификат издаден од Министерството за здравство со QR код за примена вакцина.  Системот потоа дава опција за внесување на број на валидна патна исправа. Откако ќе се внесе бројот на пасошот, се креира автоматски CommonPass, а за да се креира дигитален CommonPass, достапен секогаш на паметен телефон, треба да се преземете мобилната апликација „CommonPass“ oд Google Play Store/App Store. По симнување на апликацијата таа ќе побара да се внесе следниот активациски код: CPNMKD, а потоа апликацијата ќе побара да се скенира QR кодот од CommonPass сертификатот, кој веќе граѓаните го имаат симнато на компјутер.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Како што укажуваат независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење.

Досега во земјава се вакцинирани вкупно 519.106 лица. Според податоците од Министерството за здравство, во земјава вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 64 проценти од населението над 70 години, 62 отсто од лицата над 65 години, 57 проценти од оние над 60 години, како и 45 отсто од жителите над 50 години, информираат од ресорното Министерство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а непречено се одвива и процесот на теренска вакцинација со ротации на медицинските екипи во руралните населени места. За закажување за вакцинирање на деца отворен е сајтот vakcinacija.mk.

СЗО бара 11,5 милијарди американски долари итни средства за борба против позаразната делта варијанта на коронавирусот. Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји.

Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус вчера побара воведување мораториум за дополнителни дози вакцина против COVID-19, барем до крајот на септември. Според него, ова е неопходно за да може да се вакцинираат најмалку десет проценти од населението со две дози на која било земја во светот, што е и целта на СЗО.

– Мораториумот ќе овозможи да се испратат повеќе вакцини во земјите со ниски приходи каде има недостиг од нив. Треба да се фокусираме на луѓето кои се најранливи и најмногу изложени на ризик од сериозни болести или смрт, тие треба да ја добијат првата и втората доза, истакна Гебрејесус.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе