Расте бројот на склучени, но и на разведени бракови во државава

Бројот на склучени бракови во државава бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови.

Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на склучени бракови во 2021 година е зголемен за 29.8 отсто во споредба со претходната година и изнесува 13.337 бракови.

Најмногу бракови 1.981 или 14.9 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 процент.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.0 отсто за жените и 93.3 проценти за мажите. Според статистичките податоци во втор брак стапиле 6.2 отсто, а во трет брак 0.6 проценти од вкупниот број склучени бракови.

Најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.392 или 32.9 отсто кај жените и 4.959 бракови или 37.2 проценти кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27.0 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

Податоците од ДЗС покажуваат дека и бројот на разводи минатата година бележи зголемување од 25.2 отсто, односно евидентирани се 1.964 разводи.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу во декември. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 отсто, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 проценти, во месец декември.

Според возраста, пак, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години и тоа 364 или 18.5 отсто кај жените и 365 или 18.6 проценти кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе