Realnews: „Торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион

Атина, 27 октомври 2019 (МИА) – Имплементацијата на Договорот од Преспа во однос на ерга омнес употребата на новото име и веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите на 12 април 2020, се точките за кои Грција изразува загриженост по Самитот на унијата, според грчкиот весник Realnews, jави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот“, новинарот ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

- Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите, пишува весникот.

Според Realnews, вториот и „уште поголем проблем за Атина“ би бил доколку на изборите на 12 април 2020 победи ВМРО- ДПМНЕ „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот“.

- Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, до сега никогаш го нема употребено терминот Северна Македонија. Дипломатски извори проценуваат дека ВМРО нема да го поништи договорот, што секако е основа за членство на Северна Македонија во НАТО. Сепак, сметаат дека ќе почне процес што веќе го има поминато Грција со Времениот договор, односно Скопје континуирано, онаму каде што може, да го прекршува Договорот од Преспа, пишува новинарот.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по исходот од Самитот на ЕУ, весникот пишува дека „торпедото“ на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион. А аналитичарите и дипломатите на кои што се повикува, се согласни дека негирањето на 27-те земји од унијата да одредат датум за Албанија, „а особено за Северна Македонија значајно го намали зрачењето на ЕУ“.

- Според дипломатски извори, заедничкото чувство во сите земји од Западен Балкан беше дека „не нѐ сакаат и треба да видиме што ќе правиме“. Ова не е добро за Европа, но генерално не е добро за Грција. Како што објаснуваат искусни дипломати, по Самитот во Солун, европската перспектива на земјите од западен Балкан е најважната алатка во односите на Грција со овие земји, објави грчкиот весник.

Новинарот во анализата, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека по одлуката на Европскиот совет се отвора патот за „вмешување на трети земји како што се Русија, Кина, но и Турција, која континуирано се обидува да ги зајакне базите во регионот“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе