Ристоска: Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица: таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките.

Ристоска образложи дека исказот докажува во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн.

Од следењето во политичките структури, таа го истакна незаконското прислушкување на Фросина Ташевска Ременски, а од бизнис заедницата ги нагласи сведоштвата на незаконски следните Јовица Ѓуриќ и Зоран Лалиќ, сопственици на правни лица околу трговија со воена опрема кои, според нив причината за прислушување ја наоѓаат во фактот дека вршеле безбедносна дејност.

Обвинителката ги наведе и сведочењата на јавниот обвинител од Битола, Стевче Тасевски како и адвокатот Трајче Арсов, кој изјавил дека секојдневната доверлива комуникација со клиенти која била незакпнски прислушкувана му нанела голема професионална штета. Таа го спомена и Хари Костов во однос на прислушкувањето на банкарските гаранција за клиенти од банката кои сакале да аплицираат на тендери. Бизнисменот Зоре Темелковски своевремено претседател на македонско-бугарската комора изјавил дека бил сигурен дека бил предмет на следење во еден момент кога му се јавиле од МВР со насоки да не ги критикува економските политики во државата.

Ристоска нагласи дека и четвртата власт не била воопшто поштедена од незаконското следење, па така биле следени повеќе новинари кои се критички настроени. Тука спомена повеќе новинари помеѓу кои Васко Попетревски, Горан Михајловски, Сашка Цветковска, Саше Димовски, Драган Антоновски и многу други кои на почеток од 2015 година добиле папка со транскрипти во кои биле образложени разговорите на новинарите со колегите.

Желбата за сеопфатна контрола, според Ристоска, придонела за тоа, предмет на прислушкување да бидат и други лица, луѓе од службите на државата, невладините организации како и останатите неистомисленици.

Помеѓу нив биле: Марјан Младеновски, командир на полициската станица Ѓорче Петров, кој забележал дека е прислушкуван при обид да достави проблемска информација и критички односи, потоа Бојан Величковски началник од полициската станица во Карпош и Ламбе Бучков, началник за недозволена трговија со дрога кој и по неговото пензионирање бил прислушкуван и следен.

– Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси, изјави денеска при завршните зборови обвинителката Ленче Ристоска.

Завршните зборови на обинителството за случајот „Таргет-Тврдина“ продолжуваат по паузата.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе