RS e-tron GT Performance е најмоќното Audi во историјата
Audi e-tron GT и RS e-tron GT се во продажба од 2021 година и се многу моќни, исклучително удобни и апсолутно убави, но сега германската марка претстави подобрена линија e-tron GT за моделската 2025 година. заедно со основниот модел и RS, тука е и новиот предводник на RS Performance.
Новото семејство e-tron GT користи батерија од 97 kWh, што е за 9 килограми полесна од батеријата од 84 kWh во појдовниот модел. Надграден е и системот за регенеративно сопирање, што резултира со зголемување од 290 на 400 kWh. Прилагодувањата се вршат преку лопатки зад воланот. Новиот модел може да помине 609 километри со едно полнење на батеријата под идеални услови.
Максималната брзина на полнење е зголемена од 270 на 320 kW, што значи дека батеријата може да се наполни од 10 до 80 отсто за само 18 минути, додека десетминутното полнење е доволно за автономија од 280 километри. Подобрувањата на батеријата значат и дека може да одржува брзина на полнење од над 280 kWh подолго од стариот модел. Исто така, батеријата може да се лади или загрева за побрзо полнење.
Значајни промени беа направени и кај електромоторите на моделот e-tron GT. Основниот модел, кој сега е познат како S e-tron GT, има два мотори со комбинирана моќност од 680 КС, што е повеќе од стариот RS e-tron GT. Исто така, моќноста на моделот RS e-tron GT (2025) е зголемена на 857 КС, додека новиот предводник RS e-tron GT Performance испорачува 925 КС, што го прави најмоќниот Audi во историјата.
Дополнителната моќност е придружена со поголема брзина. Моделот S e-tron GT забрзува од 0 до 100 км/час за само 3,4 секунди, односно 0,1 секунда повеќе од појдовната RS верзија. Новиот RS e-tron GT достигнува 100 км/час за 2,8 секунди, додека најмоќниот RS e-tron GT Performance истата работа ја врши за 2,5 секунди. S e-tron GT ќе забрзува до максимални 245 км/час, додека максималната брзина на моделот RS е 250 км/час.
Audi постави и нови сопирачки, така што S e-tron GT стандардно доаѓа со челични дискови, додека моделите RS имаат дискови обложени со волфрам карбид. Сите нови модели се достапни со карбон-керамички дискови и 10-клипни предни сопирачки клешти.
Стандардната воздушна суспензија е значително подобрена, како и опционалната активна суспензија. Од Audi велат дека автомобилот ќе се одржува „речиси хоризонтално при динамично сопирање, управување и забрзување“, а суспензијата има можност за прилагодување на висината. Опција е и систем за управување со сите тркала.
Неколку мали промени се направени и во внатрешноста на семејството e-tron GT, а тие вклучуваат нови седишта, различен волан и опционален панорамски стаклен покрив, кој може да стане непроѕирен со едноставно притискање на копче. Виртуелниот кокпит на Audi, исто така, е надграден, а има нова мешавина на материјали, вклучувајќи акценти на дрво, микрофибер Dinamica и опционални седишта прилагодливи во 18 насоки.
S e-tron GT чини 126.000 евра, RS e-tron GT чини 147.500 евра, додека цената на моделот RS e-tron GT Performance е 160.500 евра.