Русија и САД одржуваат контакт во врска со нуклеарното оружје во вселената

Макфакс
/ 11.04.2024 / 18:56

Делегациите на Русија и САД се во контакт за нераспоредување нуклеарно оружје во вселената, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Коректно би било да се каже дека нашите делегации се навистина во контакт, тие разговараат за ова прашање на соодветни меѓународни платформи, пред сѐ во Њујорк, каде Вашингтон и американската администрација ја промовираат темата за обвинувањата против Русија“, рече Рјабков.

Тој повтори дека Русија е целосно посветена на своите обврски во рамките на мултилатералните договори кои, меѓу другото, се однесуваат на вселената.

„Овие договори зборуваат сами за себе. Ќе продолжиме да промовираме иницијативи кои се однесуваат на спречување на трка во вооружување во вселената и непролиферација на оружје во вселената, а против нашите иницијативи во последните години работат САД и нивните сателити“, истакна Рјабков.

Тој додаде дека Русија ќе соработува со поголемиот дел од светот „во интерес на гарантирано зачувување на мирниот простор“.

Рјабков истакнува дека вселената се користи за воени цели, но дека таму не треба да биде распоредено нуклеарно оружје, пренесува Спутник.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе