Русија и сè е можно: Мечокот Степан започна кариера како модел
Мечокот Степан бил напуштен од страна на неговата мајка, но за среќа постојат добри луѓе во светов, па го посвоиле Светлана и Јуриј Пантеленко. Со оглед на тоа дека расте со луѓе, Степан е домашна мечка и е многу сладок и мил.
Фотографката Мила Жданова го запознала мечокот преку неговите „родители“, го препознала неговиот талент и сега Степан ѝ позира како вистински модел. Мила го претставува Степан во нејзините сцени инспирирани од бајките кои најверојатно ќе ве потсетат на некој филм од Дизни.
Bored Panda направи галерија со најдобрите фотографии.