Рускоска: СЈО не го урна никој друг освен Катица Јанева

Од предметите што се преземени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), околу 17 се во истрага, а околу 47 во предистрага, рече обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

СЈО, оцени таа, не го урна никој друг освен Катица Јанева.

„СЈО сè уште ќе егзистираше ако Јанева се однесуваше онака како што треба. Ништо не е наштетено на случајот Империја. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ќе ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. Не можете да кажете за кого било, ни за Камчев, додека нема правосилна пресуда, дека е криминалец“, наведе Русковска.

Прашана за случајот „Рекет“ и каде завршиле парите, таа рече дека кога вршеле вештачење на телефонот на Бојан Јовановски според локацијата на фотографијата се утврдило дека парите се во домот на неговите родители.

„Апсолутно има докази дека откако се земени парите, тие завршиле во домот на родителите, а каде е торбата, јавноста треба да знае дека парите се дадени во февруари 2019, а Камчев дојде да пријави на 2 мај, ние не бевме вклучени од почетокот“, рече Рускоска.

Според неа случајот не е ниту мито ниту рекет, туку, како што рече, квалификацијата си е точна – противправно посредување.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе