Серија експлозии во фабрика во Чешка

„Најмалку 19 лица се повредени во серијата експлозии во индустриски комплекс во градот Поличка во Северна Моравија, на североистокот од Чешка“, изјави за медиумите портпаролот на противпожарната служба Алеш Черногорски.

„Меѓу ранетите има и пожарникари. Од 19 повредени, тројца се здобиле со тешки повреди“, рекол портпаролот. Тројца од повредените се пожарникари спасители.

Истовремено портпаролката на чешката полиција Хана Кајзерова потврди дека експлодирала цистерна со експлозивни супстанции.

„Експлодираше цистерна, наполнета со експлозиви. На територијата на претпријатието потоа избувнал пожар“, додала.

Гаснењето на пожарот е исклучително тешко. На територијата на претпријатието има цилиндари со компресиран гас и други експлозивни средства. Полицијата ги потврди информациите на медиумите дека од фабриката одекнувале неколку последователни експлозии.

Според Черногорски, пак, пожарот е локализиран во неговиот епицентар, и додал дека засега нема закана од проширување на огнот. Во справување со огнот биле ангажирани 13 противпожарни бригади.

Првата експлозија во фабриката одекнала околу 11 часот по локално време, а потоа следувале уште неколку детонации, кои ги оневозможиле спасителите веднаш да дејствуваат на самото место, додала Кајзерова порачувајќи на локалното население се уште да не се приближува до местото на инцидентот.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Свет

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Read more

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе