Што договорија Путин и Зеленскиј во Париз?

Рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володомир Зеленскиј во Париз се договорија до крајот на годинава целосно да го спроведат сеопфатниот договор за прекин на огнот во источна Украина.

На состанокот во рамките на Нормандиската четворка, која ја сочинуваат Русија, Франција, Германија и Украина, тие се договорија да ги ослободат и разменат сите затвореници кои се поврзани со конфликтот, исто така, до крајот на 2019 година.

Тие се договорија и до крајот на март 2020 година да ги распуштат воените сили во три области на Украина.

На прес-конференција по разговорите во Елисејската палата, Путин ја поздрави средбата на четворката, наведувајќи ја како важен чекор кон деескалација на конфликтот во Украина.

Путин исто така повика на измени во украинскиот Устав со цел на Донабас да му се даде посебен статус.

Тој додаде дека е потребно да се дозволат повеќе премини за цивилите во источна Украина и да се даде амнестија на луѓето вклучени во конфликтот.

Зеленскиј пред новинарите рече дека Украина нема да се согласи на територијални отстапки во замена за мир.

Тој додаде дека неговата земја мора да има целосна контрола врз нејзините источни области и нема да направи компромис на тоа поле.

Тој исто така рече дека проблемот со извозот на руски гас преку Украина е решен и дека ќе се работи на договор за ова прашање.

Русија и Украина сè уште не се согласуваат за конкретни прашања, како што е повлекувањето на проруските сили и изборите во областите на Украина кои се под контрола на бунтовниците.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе