Што навистина мислат Македонците за електричните тротинети?

Расте бројот на граѓани кои користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошка алтернатива за превоз што ја зголемува мобилноста во градски средини.

Малолетник со електричен тротинет тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Електричен тротинет удри во пешак на Партизанска

Товарно возило удри во скопјанец со електричен тротинет

Жена заврши во болница откако со тротинет удриле во неа

Малолетнички повредени во судир меѓу автомобил и електричен тротинет

Во тешка сообраќајка загина 26-годишен возач на електричен тротинет

Ова се наслови кои за жал сè почесто ги читаме во црната хроника. Невнимателното управување со овие возила, недостатокот на регулативи за нивно користење и лошата инфраструктура се покажаа како опасен сообраќаен коктел.

Ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, тротоар или друга површина за движење на пешаци, но со ограничување на брзината до 6 километри на час. Во спротивно, возачот на електричен тротинет, кој не се движи по дозволените сообраќајни површини, ќе плати глоба од 80 евра, објави МИА.

Согласно измените на Законот за безбедност во сообраќајот од 2021 година, возачот на електричен тротинет ќе треба да плати глоба од 80 евра и доколку не се движи по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во правец на движење на сообраќајот и доколку не користи велосипедска патека кога има таква и се движи по тротоар или пешачка патека.

Ако се движи со брзина поголема од 25 км/час по велосипедска патека или со брзина поголема од 6 км/час по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, тогаш ќе треба да плати глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност.

Електричен тротинет може да се управува со навршени 14 години и во тој случај глобите се изрекуваат на родителот или старателот.

Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека убаво е доколку граѓаните користат возила со кои се намалува загадувањето, но тие мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила. Во текот на 2021 година има санкционирано вкупно 29 возачи на електричен тротинет, додека годинава до 31 октомври се санкционирани вкупно 66 возачи на електрични тротинети на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно член 103 од Законот за безбедност во сообраќајот од 1 јануари 2021 година возач на електричен тротинет ќе добие прекршочен платен налог од 50 евра доколку не носи заштитен шлем на главата, превезува други лица или вечерно време и во услови на намалена видливост не носи рефлектирачки елек.

Возач на електричен тротинет, исто така, е должен да управува со него на начин на кој не се намалува стабилноста и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. На возачот кој постапува спротивно на ова ќе му биде изречен платен налог од 50 евра.

Во Twitter сферата, која често е најреален приказ на „Македонија во мало“, без влакна на јазикот се зборува на многу теми, вклучувајќи ги и електричните тротинети. Некои твитерџии се одушевени од нив, додека други ги гледаат како (нужно) зло. Некои твитерџии кои се против се чини имаат одбивност кон „западњачки трендови“, а некои дури имаат нескриен анимозитет кон луѓето кои возат велосипед и/или тротинет и повикуваат на насилство, што апсолутно не можеме да го разбереме, а уште помалку да го оправдаме.

Најмногу ќе се согласиме со твитот дека „ако немаш сообраќајна култура, ја немаш ни пешки, ни со точак, ни со тротинет, ни зад волан“.

Прочитајте што имаат да кажат на оваа тема:

URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе