Штрајкот не ги предомисли банките, не го повлекуваат стечајот за „Фени“

Штрајкот на дел од вработените во „Фени“ пред локалните филијали на Комерцијална банка, на Стопанска банка и на банката Силк Роуд во Кавадарци не ги предомисли банките.

Тие  остануваат на ставот дека состојбите во металуршкиот комбинат треба да се решаваат преку стечај. Преку штрајк денес вработените во „Фени“ побараа повлекување на стечајот за фабриката, бараат платите да им се исплаќаат во целост и до продажба на фабриката да имаат статус на вработени.

„Банките веќе го соопштија својот став во соопштението до јавност на 03.11.2017 година, во кое беше презентиран одговорот на барањето за повлекување на предлогот за поведување стечајна постапка и на одлуката за организирање  јавен собир за изразување  јавен интерес, до синдикалната организација на СИЕР при ‘Фени индустри’. Во известувањето потенциравме дека евентуалното прекинување на претходната стечајна постапка ќе значи и прекин на покривањето на сите трошоци за одржување на неопходните функции на ‘Фени индустри’, а целата одговорност од опструирањето на стечајната постапка и евентуалните дополнителни штети ќе падне на товар на сегашниот сопственик и на официјалните синдикални претставници на вработените“, велат од Комерцијална банка.

Од таму известија дека во понеделникот имале состанок со синдикалните претставници на „Фени“.  На средбата им било презентирано дека во сегашната состојба,покренувањето стечајна состојба е единственото решение со кое „Фени“ може да се реструктуира, реорганизира и да продолжи со работа по завршување на постапката. Синдикалците побарале гаранции за исплата на октомвриската плата, но не ги добиле.

„Последната септемвриска плата им е исплатена на вработените на 27.10.20117 година. Со евентуалното покренување  стечајна постапка статусот на вработените и исплатата на платите за ангажираните работници ќе се одвива според актуелниот Закон за стечајна постапка и Законот за работни односи. Гаранции за исплата на платите не можат да дадат банките бидејќи тие не се работодавачи на вработените во ‘Фени индустри’. ‘Фени’ се` уште има сопственик, а натамошниот тек на настаните ќе се одвива според евентуалната стечајна постапка“, велат од Комерцијална.

Во однос на тоа дали се појавиле нови инвеститори и дали се во тек преговори,  банките велат дека се отворени за разговори со сите заинтересирани потенцијални инвеститори.

Со понатамошниот тек на настаните и низ евентуална постапка за стечај, според банките,  ќе се презентираат сите потенцијални заинтересирани. Постапката е и сега отворена за секој инвеститор кој во рамки на законските прописи ќе може да обезбеди „Фени“ успешно да работи и да ги сервисира обврските кон сите доверители и вработените, е ставот на банките.

Рочиштето на кое ќе се разгледува можноста за отворање стечај за „Фени“ е закажано за 13 ноември. Денеска од фабриката известија дека обезбедиле струја за работота на печката токму до 13 ноември.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе