Симески: Никој не може да добие формулар како се изјаснил на пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симески, денеска изјави дека нема потреба бугарските здруженија во земјава да бараат посебна графа во пописот, бидејќи таква графа веќе има.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Прифатниот центар за бездомни семејства во Визбегово, Симески истакна дека никој не може да добие формулар како се изјаснил бидејќи тоа се лични податоци и не смеат да се даваат јавно.

– Ниту еден граѓанин, ниту кај нас, ниту било каде во светот, не може да добие формулар како се изјаснил. Тоа се лични податоци и тие остануваат кај нас, не смеат да се даваат јавно. Ова е право кое постои откога постојат пописите и важи за сите земји во светот. Жал ми е што одредени држави, не е само бугарската, барале од нас и досега и во изминатите години, за оние лица кои аплицирале за нивно државјанство, да достават како се изјасниле. Никој ниту некогаш добил, ниту ќе добие, ниту има право да добие формулар, ниту пак ние смееме да дадеме ваков податок, потенцира Симески.

Нагласи дека кога граѓанинот се изјаснува за својата припадност, не може да му се влијае на кој било начин затоа што графата е празна и со впишување на првите три букви се појавува сето она што како припадност го има во кодексот на шифри.

До утринава до 8 часот, како што соопшти, преку апликацијата за онлајн попишување биле попишани 18 илјади лица.

Уште еднаш повтори дека апликацијата е безбедна и ги отфрли сомневањата дека внесените податоци може да бидат искористени од страна на фирмата која ја има изработено апликацијата.

– Базите се максимално заштитени, кај нас се и никој друг однадвор нема пристап до тие бази на податоци – ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту кој било друг, освен нас. Дури и во самата институција има строго определен протокол кој може да влегува во овие бази. Тоа се лица кои имаат сертификати и кои се претходно проверени. Значи, ни јас лично немам право да влезам во овие бази на податоци, рече Симески.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе