Скопјанка нападната со бејзбол палки, ја бркале две возила на пат кон Скопје

Скопјанка, која патувала со своите два сина со автомобил „мерцедес“ од Прилеп кон Скопје, била нападната од непознати лица.

Додека се движеле со автомобилот со холандски регистарски ознаки, пред бензинска пумпа ги пресретнало друго возило марка „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки и се паркирало пред нив. Од возилото излегле едно непознато машко лице и едно непознато женско лице кое го спречувала да направи проблем.

Откако го продолжиле патот, по кратко време ги престигнало комбе, управувано од непознато лице, кое ги удрило во задниот дел од возилото и од страната, а потоа се паркирало пред нив и од комбето излегле неколку непознати лица.

Еден од синовите, кој го управувал возилото веднаш го свртил автомобилот кон Прилеп, но комбето ги пристигнало и повторно ги удрило одзади и ги исфрлило од патот, по што се превртеле.

Во тој момент пристигнало и лицето кое го управувало „мерцедесот“ со прилепски ознаки, извадило бејзбол палка и заедно со лицата од комбето кои исто така имале палки почнале да и се приближуваат на жената.

Нејзините синовите избегале, а жената останала сама кај возилото. Лицето кое го управувало „мерцедесот“ ја удрило два пати во пределот на рамото и нозете, по што таа паднала во бессознание.

Полицајци излегле на лице место, а жената и нејзините синови биле префрлени во Медицинскиот центар во Прилеп. На двете лица од „мерцедесот“ им бил утврден идентитетот и по истите се трага, а се работи на утврдување на идентитетот и на останатите лица и нивно пронаоѓање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе