Следните денови ќе се дискутира дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека во рамки на Комисијата за заразни болести следниве денови ќе се дискутира за тоа дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени, со оглед на тоа што одредени земји веќе не ги бројат.

Сепак, како што рече, треба и асимптоматските случаи да се имаат предвид, во смисла на имплементирање на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација.

– Да, има голем број на асимптоматски случаи кои што произлегоа од тестирањата направени во семејните кластери. Точно е дека повеќе земји ја менуваат оваа стратегија. Ние ова ќе го дискутираме во рамките на Комисијата за заразни болести, меѓутоа тоа не е причина и тие асимптоматски случаи да ги имаме предвид во смисла на имплементирање и на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација, рече Филипче на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

И покрај тоа што за детектирање и регистрирање на бројките ќе се дискутира следните денови, Филипче рече дека тоа нема да го смени пристапот како ќе се тестира, како ќе се анкетира, кој се тестира и врз основа на што некој ќе оди во самоизолација.

Во однос на тоа како се третираат најтешките пациенти, Филипче рече дека интензивно се работи со сите, а најтешките пациенти се третираат во одделенијата за интензивна нега, се ставаат на респираторна машина според проценката на лекарите.

– Ние имавме терк да се дијагностицира и постмортно нешто што ниту една земја не го прави што сериозно го подигна процентот на смртност, меѓутоа мислам дека беше битно тоа да се знае заради епидемиолошките податоци и заштита на членовите на нивните семејства, рече тој.

Што се однесува до новото упатство од СЗО, Филипче рече дека е во процес на разгледување, а следните денови ќе излезат со информација.

– Ние го разгледувавме упатството од СЗО, стигна пред неколку дена. На денешниот состанок беше присутен директорот на Институтот за судска медицина на којшто дискутиравме за повеќе аспекти, така што во однос на овие податоци следните денови ќе излеземе со информација, додаде Филипче.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе