Сноуден: Немав избор, останав во Русија

Макфакс/Кајгана
/ 07.06.2023 / 09:57

Поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, изјави дека не планирал да остане во Русија. „Првично, не планирав да останам во Русија, но другите земји не можеа да ја осигураат мојата безбедност“.

„Во принцип, не планирав да останам во Русија, тоа беше само една станица на патот кон Латинска Америка, со оглед на тоа што Јужна Америка во минатото покажа отвореност кон свиркачите“, објасни тој.

Вели дека за време на неговиот 40-дневен престој во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ пристапил до многу земји за да добие политички азил, но некои земји се плашеле од реакцијата на САД, а други не биле сигурни дали можат да ја обезбедат неговата безбедност.

„Немав избор и побарав азил во Русија, и го добив“, рече Сноуден.

Во јуни 2013 година Сноуден иницираше голем меѓународен скандал откако им предаде на The Washington Post и The Guardian тајни документи за програмите за следење на специјалните служби на САД и Обединетото Кралство на интернет. Потоа одлета за Хонгконг, а оттаму во Москва, каде извесно време беше во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“.

Откако во април 2020 година во Русија стапи на сила новиот закон со кој на странците во земјата им се дозволува да добијат руско државјанство без да мора да се откажат од претходното, Сноуден и сопругата Линдзи аплицираа за руско државјанство. На 26 септември 2022 година претседателот Владимир Путин му даде на Сноуден руско државјанство.

Сноуден и сопругата имаат два сина, двата родени во Русија.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе