Собранието ги донесе законите од договорот во Пржино

Собранието со 90 гласови ги донесе измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик, Законот за Влада по скратена постапка, а против пакетот измени гласаа независните пратенички Роза Топузова Кареска и Солза Грчева.

Овие измени беа договорени на средбите на партиите потписници на Пржинскиот договор, за одржување на предвремени парламентарни избори и за излез од долгата политичка криза.

Предлагачи на Законите беа координаторите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на СДСМ Горан Сугарески, заменик координаторот на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Со донесените измени Министерот за внатрешни ќе може да смени 15 раководни лица. Сто дена пред изборите ќе се формира Преодна Влада со двајца министри и тројца дополнителни заменици од опозицијата, која ќе си поднесе оставка дента кога ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите.

МРТВ ќе основа канал со програма само на албански јазик.  Агенцијата за аудио и аудио­визуелни услуги ќе формира петчлено тело за набљудување на изборите. Имплементацијата на овие закони ќе ја оценат лидерите на 31 август и ќе проценат дали има услови за кредибилни избори.

реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе