Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

Кацарска доаѓа на функцијата уставен судија од местото судија на Основниот кривичен суд Скопје на предлог од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Во нејзината биографија меѓу другото е наведено дека има завршено Правен факултет на „Јустинијан I“ 1982 година, а две години подоцна и правосуден испит. Нејзиниот приправнички стаж во Основен суд Скопје 1 – Скопје го завршила во периодот од 1982 до 1984 година. Била стручен соработник во Основен Суд Скопје 1 – Скопје во периодот од 1984 до 1986 година. Од 1986 до 2005 година Кацарска била судија во Основен суд Скопје 1 – Скопје во граѓанскиот оддел – за парници. Од 2005 до 2009 година била на функцијата претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а в.д. претседател на овој Суд од февруари 2009 до јули 2009. Од јули 2009 година заклучно со декември 2017 година таа е судија во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во Кривичниот оддел, а од јануари 2018 година до денес судија во Основен кривичен суд Скопје во специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на државата.

Во нејзината биографија е наведена дека Кацарска била и едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители за почетна и континуирана обука во период од четири години. Посетувала и голем број обуки и семинари на национално и регионално ниво, била дел од повеќе проекти и регионални работилници за модернизација на судството, како и на повеќе студиски посети.

Кацарска ги владее англискиот и рускиот јазик. Била член на работни групи за изготвување на неколку закони и е еден од авторите на прирачникот Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судови.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе