Спасовски: Можни се нови рестриктивни мерки

Премиерот Оливер Спасовски смета дека здравствениот систем е подготвен да може да се справи со најавите за поголем број заболени од коронавирусот, но апелира дека за тоа му е потребна и поддршка од граѓаните кои треба да ги почитуваат сите препораки и рестриктивни мерки, а со тоа да спречат и помасовно ширење на вирусот. Тој не исклучува можност за воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, ако за тоа добијат препораки од Комисијата за заразни болести.

– Ние сите ресурси ги насочивме кон здравствениот систем во овој период затоа што сметаме дека тој треба да остане стабилен во борбата против коронавирусот. Во овој период докажавме дека навистина функционира здравствениот систем. Се направија сите подготовки за да може да издржи тоа што се најавува и што ќе се случува, а се случува во сите земји. Како и ќе се движи кривата на инфектирање на луѓето ќе може да одговори здравствениот систем на државата. Но, колку повеќе луѓето се придржуваат кон правилата, се почитува социјалната дистанца и се намали движењето и секој од нас остане дома во наредниот период директно се помага и на здравствениот систем, рече Спасовски во разговор за Слободна.ТВ.

Тој додаде дека во целиот период на борба со коронавирусот здравствените работници се на прва борбена линија, дека даваат максимум со елан и енергија за да им се помогне на сите граѓани. – Очекувам сите заедно да ја добиеме таа битка, рече Спасовки.

Во однос на носењето на одлуките и рестриктивни мерки, тој потенцира дека Како Влада се раководат по  предлозите на стручни луѓе од здравството, по тоа што го предлагаат епидемиолозите и што мислат дека треба да се направи и за здравствениот систем и за граѓаните.

– Очекувам денеска да разговараме во однос на доолнителни мерки кои би биле воспоставени како рестриктивни мерки, кои ќе помогнат во целата состојба и ако има препорака од комсијата тоа би го направиле можеби на денешна седница на Влада, рече премиерот Спасовски.

Тој истакна дека во моментот не сака да размислува за нападите од опозицијата, кои, како што рече, се фокусирани на освојување на политички поени. За нас, рече, во моментот приоритет е здравјето на граѓаните и фокусирани сме на тоа што треба да се направи, тоа да се заштити. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе