Среќен роденден, Бијонсе
Славната американска пејачка Бијонсе денес полни 41 година. Родена е на 4 септември 1981 година. Уште како дете има учествувано на различни музички и танц натпревари.
Се прослави во доцните деведесетти години кога беше главен женски вокал во групата Дестинис Чајлс, една од најдобрите женски групи во тоа време.
Нејзиниот деби албум „ Dangerously in Love“ беше пуштен во 2003 година и се најде на американската Billboard Hot 100 листа со песните „Crazy in Love“ и „Baby Boy“ на првото место.
Бијонсе е во брак со музичарот Џеј Зи со кого има три деца, а заедно важат за една од најмоќните брачни двојки и во американскиот шоу бизнис.