Среќен роденден сер Алекс Фергусон
На денешен ден во Глазгов е роден популарниот Ферги. Како фудбалер почна во маалскиот клуб Хармони Роу Бојс, а преку Драмчапел се лансираше во сениорските води каде како напаѓач играше за Квин'с Парк, Сент Џонстон, Данфермлајн, Ренџерс, Фалкирк и Еар Јунајтед.
Тренерската кариера ја почна веднаш по пензионирањето во 1974 преземајќи го Ист Стирлингшајр. Првото чудо го направи кога малиот Сент Мирен го внесе во Првата лига, за потоа да го земе Абердин со кој освои 3 титули шампион на Шкотска, 4 Купа, и по 1 Лига куп, Куп на победници на купови и УЕФА Суперкуп. Кратко време беше селектор на Шкотска откажувајќи се откако не ја мина групата на Мундијалот во 1986.
Истата година дојде во Манчестер Јунајтед и влезе во легендите. Од просечен тим го направи великан. Освои 13 титули во Премиер лигата, 5 во ФА Купот, 4 Лига Купа, 10 Суперкупа, 2 Лига на шампиони, по 1 Куп на победници на купови, УЕФА Суперкуп, Интерконтинентален куп и Светско клупско првенство.