ССМ: Да се намалат функционерските плати за 78% со употреба на европско знаменце, без дијалог

Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до Владата да не бара изговори за намалување на функционерските плати за 78%, туку да го примени веќе воспоставениот принцип, да го употреби европското знаменце, без широки консултации и без дијалог.

„Апелираме до Владата да не бара изговори за процесот за намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на Уставниот суд, како што тоа го направија за воведување на 72-часовната работна недела или, пак, сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административните службеници и да достави до Парламентот предлог-закон со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78%“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Не е потребно многу време за да се направи измената на законот, ССМ веќе достави предлог до пратениците, кои молчат 3 месеци, а ова ѝ го предлагаме и на Владата, со што во Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, член 11 се менува и гласи:

Член 11

(1) Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“, соопштува Сојузот на синдикатите на Македонија.

Оттаму укажуваат дека работниците живеат од плата, без право на храна и превоз.

„Добро е што, конечно, функционерите, како министерот за надворешни работи, разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенефиции“, додаваат од ССМ.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе