СЗО: 32% од 7-годишните деца во С. Македонија со зголемена телесна тежина, 15% дебели

Вкупно 32% од децата на седумгодишна возраст во Северна Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15% се дебели, покажува најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI).

Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од 5% меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2%).

Во споредба со претходниот круг на собирање податоци во 2016 година, има зголемување на зголемената телесна тежина и дебелина кај девојчињата за скоро 2%, додека кај машките стагнира.

– Кога станува збор за исхраната и физичката активност, податоците од извештајот покажуваат дека 77% од децата на 7-годишна возраст во Северна Македонија појадуваат секој ден. Речиси сите (87%) деца се физички активни најмалку еден час надвор од училиште, а 66% активно одат во училиште (не се пренесени со моторно возило до училиштето). Од друга страна пак, извештајот покажува дека 57% од децата воопшто не посетуваат спорт или танцување, а 38% консумираат безалкохолни пијалаци со додаден шеќер (второ највисоко ниво во Европа), се наведува во Извештајот.

Дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и понатаму е на високо ниво. Вкупно 29% од децата се соочуваат со зголемена телесна тежина или дебелина. Намалување на зголемената телесна тежина и на дебелината има само во три земји: Малта, Сан Марино и Италија.

– Проблемот со зголемена телесна тежина и дебелина кај децата претставува закана по здравјето во европскиот регион на СЗО и се поврзува со голем број незаразни болести (НЗБ), од кардиоваскуларни заболувања, па сè до дијабетес и канцер. Денес, едно од три деца на училишна возраст во регионот се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина, а стапките се во пораст во голем број земји. За да се најдат подобри решенија за овој проблем, потребни се квалитетни податоци, се посочува во Извештајот.

Податоци од 33 земји од европскиот регион на СЗО

Севкупно, 29% од децата на возраст од 7 до 9 години во земјите учеснички во истражувањето се соочуваат со проблемот на зголемена телесна тежина (вклучително и дебелина). Преваленцијата е поголема кај момчињата (31%) отколку кај девојчињата (28%).

– Наодите покажуваат дека и понатаму едно од три деца се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина. Мора побрзо да делуваме во насока на намалување на овие бројки. Итно ни се потребни подобри политики кои може да ни помогнат да ги промениме актуелните трендови на дебелина кај децата - особено по пандемијата на COVID-19 која се смета за опасен двигател на нивоата на зголемена телесна тежина и дебелина, вели д-р Кремлин Викрамасинге, вршител на должност, шеф на европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на НЗБ, којашто го изработи Извештајот.

Во споредба со претходниот извештај (2015-2017), новиот бележи статистички значително намалување на преваленцијата на зголемената телесна тежина меѓу момчињата и девојчињата на Малта, меѓу момчињата во Сан Марино и меѓу девојчињата во Италија, како и намалување во нивоата на дебелината кај момчињата во Сан Марино и кај девојчињата на Малта.

Од првото издание во 2007-2008 година па наваму, податоците на COSI покажуваат надолен тренд во однос на преваленцијата на прекумената телесна тежина во Грција, Италија, Португалија, Шпанија и Словенија. И покрај надолниот тренд, преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина во овие земји, особено во Јужна Европа, и натаму е меѓу највисоките во регионот.

СЗО/Европа го претстави новиот петти по ред извештај на Иницијативата за следење на дебелината кај децата (COSI). Наодите во него се засноваат на најновите податоци собрани во периодот помеѓу 2018 и 2020 година во 33 земји од европскиот регион на Европа. Измерени беа речиси 411.000 деца на возраст од 6 до 9 години.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе