Тајланд: Почина еден од спасувачите, надежите на заглавените деца полека тонат

И понатаму трае драмата околу спасувањето на 12 деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер од поплавената пештера, а сега почина и еден од спасувачите, во обид да им се помогне на децата.

Почина поранешен член на тајландската морнарница, нуркачот Саман Гунану, кој ја загуби свеста при излегувањето од пештерскиот комплекс, каде доставуваше боци со кислород, пренесува „BBC“.

„Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше“, изјави еден тајландски функционер, па додаде дека станува збор за човек кој некогаш работел во морнарница, а сега се приклучил во акцијата за спасување.

„Во пештерата е тешко. Тој се удави при обид да излезе од пештерата. Неговиот колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеа. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, а потоа го префрливме во болница“, изјави командантот на тајландската морнарница.

Ова дополнително ги зголеми стравовите и ги намали надежите, дека заглавените деца и нивниот тренер би можеле да бидат извлечени со нуркање. Докторите и од порано проценија дека тие се премногу слаби за да издржат долго нуркање преку лавиринтот во пештерата, кој и онака е тежок и за професионалните нуркачи.

За целата работа да биде уште полоша, волонтерите спасувачи, наместо да испумпаат вода од пештерата, тие впумпаа дополнителна количина на вода во неа, а метеоролозите најавуваат нов бран на врнежи од дожд.

Поради овие околности, некои експерти проценија дека децата и тренерот би можеле да останат заглавени во пештерата во наредните четири месеци.

Исто така, загрижува и фактот дека нивото на кислород во делот од пештерата, во кој се наоѓаат децата, полека се намалува. Засега, децата се во добра здравствена состојба и редовно им се доставуваат храна и лекови.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе