Тјунираниот „ѕвер“ на Audi развива скоро 900 КС
RS Q8 е најбрзиот и најмоќниот Audi кој е направен досега, но тјунерите секогаш наоѓаат начин за да го унапредат.
Откако ABT ја претстави својата верзија за SUV RS Q8, сега тоа го направи и Manhart.
Тјунерот бара дури 280.000 евра за својата модифицирана верзија, а ќе постојат само 10 примероци со RQ 900 спецификации. Manhart подготви широк body-kit, моторот ќе има вентилациски отвори, задниот дифузер и предниот спојлер се направени од ист материјал.
Дел од пакетот е и новиот издувен систем со 4 издувни цевки. Oд Manhart го направија понизок за 30 мм. Внатрешноста е од алкантара, а достапни се и детали со златна боја.
Најголемите промени се направени на моторот каде што сега се наоѓа 4,0-литарски бит турбо V8 мотор кој не развива 592 коњски сили туку развива 887 коњски сили и 1.080 Nm. Погонот е на сите 4 тркала.
Од од до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди.