По пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“

Трајчева ќе поднесе жалба за ослободувањето на Ременски

Застапникот на обвинението за случајот „Меѓународен сојуз”, јавната обвинителка Ивана Трајчева, ќе поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичниот суд Скопје, по однос на ослободителната одлука за обвинетата Фросина Ременски.

Давајќи образложение за најавената жалба обвинителката Трајчева, истакна дека за неа како обвинител којшто го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е нејасно како судот не утврдил кои се дејствијата на влијание од страна на Ременски.

– Самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која што ја извршувала во тој момент довела до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти коишто судот и самиот ги прифатил, неспорно денеска тоа беше кажано, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое што и се става на товар. Но, ние како странка во постапка имаме право на жалба и сметам дека тоа право секако ќе биде искористено, рече обвинителката Трајчева.

Воедно, што се однесува на осудителниот дел таа посочи дека се потврдила тезата на Обвинителството дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар со предметниот обвинителен акт.

– Во однос на казните морам да кажам дека ќе мораме да ја почекаме писмената пресудата за да слушнеме точно кои околности како олеснувачки и отежнувачки биле ценети од страна на судот при одлучување и одредување на видот и висината на изречените казни бидејќи, како слушнав и денеска, самите тие околности не ги слушнавте. Оттука не можам да ви кажам дали би имало жалба во овој дел по однос на веќе изречените казни, рече Трајчева.

Правниот застапник на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски, после изречената пресуда за „Меѓународен сојуз”, изјави дека оваа судска пресуда не се заснова ни еден милиметар на докази коишто беа изведени во текот на постапката, туку е несреќен компромис помеѓу политика, а особено на личен анимузитет на судечкиот судија према моите клиенти, особено кон обвинетиот Бојан Јовановски.

– Не влегувам воопшто во драконската казна дали е мала или голема, затоа што сметам дека во овој конкретен случај нема никакво кривично дело извршено од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, изјави Дуковски и најави дека за ова пресуда ќе биде поднесена жалба.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, по објавување на одлуката дека е ослободена од вина кратко наведе дека е задоволна од денешнава одлука и побара разбирање по добивањето на пресудата да даде образложение за денешниов настан. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе