Трамп: Путин направи грешка кога влезе во Украина

Макфакс
/ 11.05.2023 / 08:26

Поранешниот претседател Доналд Трамп даде интервју за CNN само еден ден откако поротата на Менхетен утврди дека тој сексуално ја нападнал Е. Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во 1996 година.

 

Трамп одби да признае дека изгубил на претседателските избори во 2020 година, наместо тоа ги повтори тврдењата дека изборите биле наместени.

Тој не сакаше да одговори и дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник во контекст на руската војна во Украина.

Рече дека тоа е нешто што „треба да се разговара подоцна“. Сепак, призна дека мисли дека „Путин направи грешка“.

„Ако кажете дека е воен злосторник, ќе биде многу потешко да се склучи договор за да се запре оваа работа. Ако е воен злосторник, луѓето ќе го грабнат и ќе го погубат, тој ќе се бори многу посилно отколку што тоа го прави под други околности. Тоа е нешто за што ќе разговараме подоцна“, најави тој.

„Неговата грешка беше што влезе внатре. Тој никогаш немаше да влезе ако јас бев претседател“, продолжи Трамп, мислејќи на руската инвазија на Украина. Трамп не даде јасен одговор на прашањето дали сака Русија или Украина да ја добијат војната. „Не размислувам за победа и пораз. Размислувам како тоа да се реши за да престанеме да ги убиваме сите тие луѓе“, рече тој.

Кога новинарката го праша по вторпат дали сака да победи Украина или не, Трамп сè уште не сакаше директно да одговори, наместо тоа рече дека сака „сите да престанат да умираат“. „Руси и Украинци, сакам да престанат да умираат. И ќе го сторам тоа за 24 часа… Ќе го кажам ова – сакам Европа да инвестира повеќе пари“, посочи тој.

На прашањето зошто понел со себе доверливи документи по напуштањето на Белата куќа, поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека ги „имал сите права според Законот за претседателски записи“.

„Бев таму и го зедов тоа што го зедов и ќе биде декласифицирано. Имав целосно право да го сторам тоа, не го криев. Знаете, кутиите беа поставени надвор од Белата куќа, луѓето ги фотографираа“, одговори тој.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе