Филмот „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ со Даниел Крег стана третиот најгледан филм на Netflix, пренесе Variety.
Продолжението на „Knives Out“ од 2019 година втора недела по ред се наоѓа меѓу првите 10, а во периодот меѓу 26 декември до 1 јануари има 127 милиони часа на гледаност.
Филмот почна да се прикажува на 23 декември, а се најде на врвот со филмовите „Red Notice“ и „Don't Look Up“, со 209.4 милиони часа на гледање.
Во американската мистерија, инспирирана од делата на Агата Кристи, детективот Беноа Бланк заминува за Грција. Таму се сретнува со нови интересни ликови и нова мистерија за разрешување.