Три четвртини од граѓаните на Виена секој ден користат алтернативи за автомобили

Податоците од минатата година покажуваат дека дури 74% од граѓаните наместо автомобил користат јавен превоз, возат велосипед или пешачат.

Девет од десет граѓани на Виена барем повремено користат јавен превоз, а 32% секојдневно патуваат со јавен превоз. Исто толку дневни рути се поминуваат пеш, додека 10% возат велосипед. Сè на сè, три четвртини од виенската популација секој ден користат алтернативи за автомобили.

Во споредба со другите европски градови, употребата на автомобили е на дното на скалата со само 26%. Податоците од последните 30 години покажуваат дека возењето автомобил постојано опаѓа во корист на јавниот превоз. Бројот на лични возила, кој во 2004 година изнесуваше 403 возила на 1.000 жители, се намали на 364.

Додека велосипедскиот сообраќај пред 30 години беше само 3%, во 2019 година скокна на 7%, а лани на дури 10%. Така, во 2023 година во Виена се регистрирани речиси 12 милиони велосипедисти, што е за 3% повеќе од претходната година. Во 2023 година во велосипедска инфраструктура се инвестирани 35 милиони евра.

Исто така, благодарение на 46 проекти годинава ќе се изградат дополнителни 20 километри велосипедски патеки. Одржливата мобилност носи бројни предности: го намалува метежот, сообраќајната бучава и потрошувачката на енергија, го подобрува квалитетот на воздухот и животот на населението и создава простор за повеќе зелени површини на јавните површини.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе