Трудна сопруга на бомбаш самоубиец од Шри Ланка се разнесе себе и трите деца

На католички Велигден се случија серија координирани бомбашки напади на различни локации во Шри Ланка, а полицијата објави дека сопругата на еден од идентификуваните бомбаши самоубијци се разнела себеси и трите деца.

Одговорноста за овој терористички чин во кој загинаа 359 луѓе ја презеде Исламска држава. Amaq, новинската агенција на оваа терористичка организација објави фотографии од осуммина мажи за кои тврди дека се терористите кои ги извршија нападите во црквите и хотелите. Покрај фотографиите ги објавија и имињата на напаѓачите со опис кој каде делувал.

Претходно напишавме дека станува збор за добро ситуирани и школувани луѓе кои припаѓале на средната или високата класа. Меѓу бомбашите самоубијци има и двајца браќа, членови на угледно семејство во Колумбо. Браќата Иншаф Ахмед Ибрахим и Илхам Ахмед Ибрахим, синови на трговец со зачини, Мухамед Ибрахим. Полицијата по нападите го притвори Мухамед Ибрахим, но засега против него не е покренато обвинение.

Објавени се и првите фотографии од браќата бомбаши самоубијци. Во описот стои дека се синови на милионер, а двајцата се виновни за смртта на повеќе од 350 луѓе. Богатите браќа мирно влегле во луксузните хотели Shangri-La и Cinnamon Grand, и додека гостите појадувале тие ги детонирале бомбите. Поради нивниот ужасен чин загинаа најмалку 40 луѓе меѓу кои има и 3 деца.

Но, тука не завршува приказната. Неколку часа подоцна, додека полицијата упадна во нивниот дом, бремената сопруга на Илхам, Фатима, се разнесе убивајќи ги своите 3 деца и тројца полицајци. Другиот брат Иншаф живеел со сопругата и четирите деца во куќа вредна 1,5 милиони фунти, во богата населба во градот. Бил успешен бизнисмен и поседувал фабрика за бакар. На сопругата не ѝ кажал што ќе направи. Ѝ рекол дека оди на деловно патување и дека треба да биде храбра.

Роднините и вработените ги опишуваат браќата како богати, мирни и побожни луѓе.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе