Уапсен Ендрју Тејт, се товари за трговија со луѓе и силување

Романските власти објавија дека контроверзниот инфлуенсер и поранешен професионален кикбоксер Ендрју Тејт бил уапсен вчера во Букурешт, пренесува Reuters.

Тој е осомничен за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група. Тејт, заедно со неговиот брат Тристан и уште двајца романски осомничени, ќе бидат притворени 24 часа, се вели во соопштението на обвинителите од единицата за организиран криминал по претресот во нивниот дом во Букурешт.

Браќата Тејт се под истрага од април.

„Изгледа дека четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина наменета за гледање на специјализирани веб-страници за одреден надомест. Во процесот требало да заработат значителни суми пари“, се наведува.

На имотот биле пронајдени шест жени

Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените. Да потсетиме, Тејт славата ја стекна преку социјалните мрежи најмногу поради говорот на омраза и бројните мизогински изјави. Меѓу другото, тој рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите (затоа му беше забранет пристапот наTwitter, но Илон Маск потоа му го врати).

„Сексуалното вознемирување е одвратно и неоправдано. Меѓутоа, кога мажот ќе ве погледне или ќе ве исвиркува или ќе ве праша како се викате, тоа не е вознемирување. Жените даваат секс во замена за можност многу долго време. Тие го прават тоа и тие не се злоупотребуваат. Ако се доведете во ситуација да ве силуваат, треба да сносите одредена одговорност“, објави тој на Twitter, но сега тие твитови се избришани.

Видео на кое тепа жена со појас

Тој доста уживаше во успешна кик-бокс кариера и освои шампионски титули. Првпат стана познат надвор од спортот кога се појави на Големиот брат во 2016 година во Велика Британија. Но, тогаш на интернет се појави видео на кое Тејт тепа жена со појас, па Ендру беше исфрлен од реалното шоу. Тејт тврдеше дека тепањето било дел од улогата на која се согласила жената од видеото.

„Го исекоа звукот од видеото затоа што таа се смее во него. Го исекоа и крајот на видеото, каде што таа го зема појасот и ме удира додека двајцата се смееме. Колку многу срања. Тоа беше во 2012 година и се забавувавме“, рече еднаш Тејт. Тој, исто така, привлече критики за неговите коментари за сексуална злоупотреба.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе