Досега 137.114 самопопишани, најмногу во Швајцарија

Учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара за поттикнување бојкот

Последната бројка на самопопишани е 137.114 и темпото забележливо се зголемува. Во Швајцарија се над 45.000, Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215.

-За Пописот 2021, за спроведување на теренскиот дел беа потребни 5.055 попишувачи и 550 реонски инструктори. На конкурсите се пријавија над 10.000 граѓани, обезбеден е потребниот број за почнување на пописните активности и за распределба на сите пописни кругови. Во тек е селекцијата на пријавените на последниот конкурс за попишувачи, од нив во 30 реони веќе се избрани и се подготвуваат договори. До утре ќе бидат објавени, а денеска почнува обуката на реонските инструктори, која ќе трае до петок, а тие од недела ќе ги обучуваат попишувачите, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој нагласи дека податоците од пописот се доверливи и заштитени по највисоките стандарди. Пописот во услови на пандемија е целосно безбеден и граѓаните треба да бидат спокојни. Здравствениот протокол за пописот го изработи Комисијата за заразни болести изготвен е до најситен детаљ за да се заштити здравјето и на граѓаните и на попишувачите.

Арсовски посочи дека учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара само за поттикнување на бојкот на статистичката операција, тие што ќе одбијат да се попишат ќе им биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра. 

-Повикот и бојкотот на пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик. Предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако, пак, поради делото не е спроведно, или е значително отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка или ако делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години, рече Арсовски, кој го исцитира и членот членот 387 од Кривичниот законик.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика рече дека кампањата насочена кон дијаспората и нашите иселеници во странство главно се води преку социјалните медиуми. Информира дека имаат стратегија и пристапиле да се комуницира со сите здруженија на граѓани и асоцијации.

-Некои од нив беа многу задоволни и прифатија да соработуваат и да ги пренесуваат комуникациските пораки и сите материјали кои им се нудат како промоција на пописот. Одреден број на здруженија на граѓани и асоцијации одбија да соработуваат на овој план. Сепак, преовладуваат оние кои се расположени да ја пренесуваат пораката, рече Ѓоргиева. Додаде дека следните денови ќе се организира голема онлајн работилница во која ќе бидат вклучени граѓани, здруженија, асоцијации од различни континенти. Нагласи дека се отворени за комуниакција и соработка и одговораат на сите прашања.

Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека бојкот на пописот  не е опција зошто таа операција е од исклучителна важност за државата и 20 години не е спроведена. Врз основа на податоците, како што рече, што ќе се соберат ќе се прават стратешки политики кои се од исклучителна важност и развојот на сите.

-Секој повик на бојкот подлежи на закон, конкретно на Кривичниот законик , веќе го цитиравме членот, и на Законот за попис. Институиците ќе го применуваат законот и во овој случај, но целта не е тоа, целта е свеста, додаде Арсовски. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе