Владата не го сака Александар Николовски за амбасадор во Брисел

Владата на синоќeшната седница ја запре постапката за именување на Александар Николовски за нов амбасадор на Македонија во Брисел. И покрај тоа, денеска тој се појави на Комисијата за надворешна политика, за да ги презентира своите приоритети како иден шеф на мисијата на Македонија во Европската унија.

Од парламентарното мнозинство тврдеа дека претседателот на комисијата, Антонио Милошоски недоловнички ја закажал и ја одржал седницата, бидејќи за неа немало кворум.

„Спротивно на деловничките одредби Антонио Милошоски свикал комисиска седница. Се знае дека комисијата не може да се започне без кворум. Тој не го известил ниту претседателот на Собранието,Талат Џафери, што е спротивно на собраниската практика. Од друга страна за парламентарното мнозинство оваа дискусија е беспредметна, затоа што владата синоќа ја прекина постапката за номинација на Александар Николовски, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.

Александар Николовски на најважната амбасадорска фотелја требаше да замине во јануари годинава, но поради политичката криза не можеше да ја заврши процедурата во македонскиот Парламент.

Ако не се успее со спорењето на денешната расправа во Собранието, топката е во рацете на претседателот Ѓорѓе Иванов кој ќе треба да реши дали да го потпише или не указот за именување на Николовски, наспроти одлуката на Владата да го повлече.

Дипломати од Македонија оценуваат дека владата може да го повлече Николовски во секоја фаза од постапката, па дури и ако замине во Брисел, а искуствата од дипломатската практика досега покажаа дека тоа е можно дури и ако претседателот Иванов не даде согласност за повлекување, едноставно повикувајќи го на вечни консултации. Според нив, иако Николовски ги одбранил тезите и  поминал во Собранието, така како што поминал денес, не може да замине ако Министерството не му даде решение за упатување.

Повлекувањето на одлуката за именување на Александар Ивановски беше очекуван потег, бидејќи не е дипломат од кариера туку партиски кандидат кој беше експониран во голема мерка во бранењето на надворешната политика на претходната влада, така што е нејасно како ќе ја застапува политиката на сегашната, кога се сосема спротивни.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе