ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации за Бујар Османи

Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели. Во духот на нашиот политички ангажман, насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8 мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави, истакнуваат денеска од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија дека имаат поставено кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што, како што велат, испраќаат апел до сите македонски граѓани да донираат.

„Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани.

Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата“, вели Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија, како што истакнува Ристески, набргу повторно ќе добие политичари, кои се чесни, нова генерација лидери, кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе