Во Германија потврден првиот случај на корона вирусот

Во Германија е потврден првиот случај на корона вирусот, епидемијата што избувна во Кина кон крајот на 2019 година.

Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е  заразен жител на Штарнберг, место на триесет километри од Минхен.

Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар.

Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.

Белгиски универзитет работи на вакцина против корона вирусот

Католичкиот универзитет во Лувен веќе работи на вакцина против корона вирусот врз основа на веќе постоечки вакцини, јави дописничката на МИА.

Одделот за вирологија на Универзитетот во Лувен (КУЛ) има изработено технологија базирана на вакцината против жолтата треска и која може лесно да се реплицира за да се добие нова вакцина против корона вирусот, објаснуваат научниците од виролошкиот оддел.

-Претходно успеавме да развиеме ДНК технологија за да внесеме нов генетски материјал во вакцината против жолтата треска, и тоа станува еден вид база. Ги искомбиниравме вакцината против жолтата треска со таа против беснило и видовме дека се компатибилни, истото го сторивме и со вакцината против ебола и успеа, овие манипулации ни овозможија да развиеме технологија која лесно се произведува и не чини скапо со голема термостабилност, вели Јохан Нејтс, професор на КУЛ.

Сега со појавата на кинескиот вирус, научниците треба да работат брзо за да развијат вакцина. ДНК технологијата сега ќе се комбинира со геномот на корона вирусот за да се види дали ќе даде резултати. За шест до осум недели научниците ќе знаат дали вакцината е ефикасна за глувците.

-Ќе ни треба еден месец за да видиме дали произведуваат антитела, и ќе има уште неколку етапи пред првите клинички тестови, вели професорот.

Епидемиолозите сметаат дека во наредните децении ќе се појавуваат нови вируси и потребно е науката да биде подготвена да реагира брзо.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе