Во Катар почнаа првите парламентарни избори, помалку од 10% од граѓаните имаат право на глас

Катарците денеска излегуваат на првите парламентарни избори во оваа заливска земја, на кои се избираат две третини од Советодавниот совет - Шура.

Гласачите почнаа да пристигнуваат на избирачките места, мажи и жени одделно, за да изберат 30 членови на телото во кое има 45 места. Владејачкиот емир ќе ги назначи преостанатите 15 членови на Советот.

Поради големиот број странски работници во Катар, најголемиот производител на течен природен гас во светот, домицилно население се само 10% од неговите граѓани, од вкупно 2,8 милиони жители во земјата. Дури и сите Катарци во тие 10% немаат право на глас.

„Со можноста за гласање, чувствувам дека ова е ново поглавје“, рече Мунира, која пишува книги за деца и побара да биде спомената само по името.

„Навистина сум среќна со бројот на жени кандидати“, додае таа за британските медиуми.

Осумнаесет жени се меѓу 183 кандидати кои се надеваат дека ќе бидат избрани во 30 области во земјата.

Советот ќе има законодавна моќ и ќе ја одобри општата државна политика и буџет, но нема контрола врз одбраната, безбедноста или економската и инвестициската политика на оваа мала, но богата земја производител на нафта, која забранува постоење на политички партии.

Кампањата се одвиваше на социјалните медиуми, на состаноци во заедниците и со билборди крај патиштата.

Изборите сугерираат дека катарското владејачко семејство Ал Тани „сериозно размислува симболично да ја подели власта, но и навистина институционално да ја подели власта со другите катарски племенски групи, оценува Ален Фромхерц, директор на Центарот за блискоисточни студии на државниот универзитет во Грузија.

Изборите, одобрени со уставниот референдум од 2003 година, се одржуваат пред одржувањето на Светското првенство во фудбал во Катар следната година.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, минатиот месец претстојното гласање го опиша како нов „експеримент“ и рече дека од Советот не може да се очекува од првата година да ја има „целосната улога на кој било парламент“.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе