Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 10 пациенти, вкупно се лекуваaт 243

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало четири приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти и три на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени четворица оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно девет пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Голем број од пациентите со COVID-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе