Volkswagen го претстави освежениот T-Roc, позната и цената
Откако е лансиран во 2017 година, Volkswagen T-Roc е продаден во повеќе од милион примероци, а само 650 илјади се продадени во Европа.
Новиот T-Roc не се разликува многу од неговиот претходник. Редизајнот може да се препознае по новите стилски детали, а стандардната опрема ќе вклучува LED предни светла и затемнети задни светла.
Ќе понудат нови редизајнирани алуминиумски фелни од 17 до 19 инчи. Тука е и новата маска на ладилникот како и задни светла. Ентериерот е исто така модернизаран и нуди квалитетни материјали.
Основниот 1.0 TSI бензин мотор има три цилиндри и произведува 110 КС.
VW T-Roc во 2022 година во Германија ќе чини 23.500 евра и може да се нарача веднаш.