Volkswagen Golf GTE по третманот на Urban Motors изгледа уште поатрактивно
Иако Volkswagen вложува многу во потполно електричниот компактен хетчбек ID.3, легендарниот Golf e уште многу популарен, а на врвот на понудата се наоѓа потполно новиот Golf GTE кој сега доби уште подобра верзија.
Компанијата Urban Motors своето внимание го посвети на хибридниот Golf и направи некои естетски подобрувања.
Golf GTE сега користи 20-инчни Barracuda Project 3.0 фелни од Ultralight Series линијата со Continental Sport Contact 6 гуми со димензија 235/35.
Го движи 1,4-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 147 коњски сили, а тука е и електричниот мотор од 112 коњски сили со 13 kWh батерија. Оваа погонска комбинација развива комбинирана сила од 242 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент, а од 0 до 100 км/ч достигнува за 6,7 секунди.