Забранет пристап: Поглед во напуштена зграда на институт за хемија
Науката имала посебно место во 1929 година во Романија – затоа и научниците работеле во најдобрите услови за тоа време: во величествени градби со вајани столбови, резбани скалила и стаклени куполи со витражи.
Фотографот Кристијан Липован влезе во Институтот за хемија речиси 100 години подоцна, откако забот на времето ја нагризал не само неговата архитектонска убавина, туку и се чини ја фрлил во заборав науката што некогаш живеела тука.
Липован вели дека пристапот е забранет и дека овие 30 фотографии ги направил незаконски. Ние ќе признаеме дека ризикот вредел за овие неповторливи фотографии што ќе ве вратат назад во времето.