Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците пред Уставен суд

Скопје, 18 март 2021 (МИА) – Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Од Уставен информираа дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.

Во однос на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.

Како што велат од Судот, по однос на овој Закон првата иницијатива била поднесена во јануари 2019 година, а во текот на целата година пристигнувале и другите иницијативи и поради истата материја која е оспорена ќе се разгледуваат заедно. Подносители на иницијативите се политичките партии Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и граѓани.

-Претходната постапка по предметот беше водена повеќе од една година, со детална анализа на наводите во иницијативите во однос на законските одредби, беа побарани одговори од сите учесници во постапката (доносителите на актите и Владата на РСМ) и се изработени обемни реферати, велат од Уставниот суд.

И двата закона, Законот за употребата на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Договорот од Преспа, се усвоени по втор пат со потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците во март 2018 година, а Законот за ратификација на Договорот од Преспа на 5 јули, исто така во 2018 година.

Владата, како што објави во соопштение, ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во Службен весник на РМ со потпис на Претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на тогашниот претседателот Ѓорге Иванов, кој одби да ги потпише.

Одлуката за одржување подготвителна седница судиите ја донеле по неколкуте одржани работни состаноци на кои биле разгледани прашања поврзани со овие предмети.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Македонија

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Read more

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Read more

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Read more

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Read more
 

Вести

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе

Катар евакуираше делови од Доха

Читај повеќе

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Читај повеќе

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Читај повеќе

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Читај повеќе

Приведен вработен во „Комунална хигиена“ Скопје, нападнал колега од внатрешна контрола

Читај повеќе