Залутано тркало фатено на снимка како удира во автомобил
Во Њу Џерси, САД беше снимена неверојатна ситуација: залутано тркало јури по автопат, менува ленти, скока преку заштитниот ѕид и силно удира во автомобил во движење од спротивната лента.
Во автомобилот патувале полицаец со сопругата и трите деца и за среќа никој не е повреден по силниот удар на залутаното тркало.
Не е познато како тркалото се нашло на автопатот.