Не се препорачува за пиење

Заматена водата поради земјотресите во Мавровскиот регион

Земјотресите кои го погодија синоќа Мавровскиот регион предизвикаа заматување на водата, поради што препорачуваме да не се користи за пиење, објави Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ на Facebook.

Градоначалникот на општината Маврово и Ростуше, Медат Куртоски во изјава за МИА  информира дека се во постојат контакт со МВР, ЦУК и останатите надлежни институции со цел соодветна реакција по вчерашните земјотреси во регионот.

По првичните проверки на последиците од земјотресите, нагласи Куртовски забележано е заматување на водата во мавровскиот водовод, додека засега не е забележана друга материјална штета.

Претходно на Facebook страницата на општината Маврово и Ростуше беше објавено дека во договор и комуникација со полицијата биле пропуштени 26 возила со патници, жители на други општини кои биле во своите викендички во мавровскиот регион.

Земјотресите предизвикале вознемиреност кај населението при што мал ден останале неколку часа во своите автомобили или на отворено.

Синоќа во 22:17, како што сооопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, беше регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје. Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

– Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеизмолошката опсерваторија.

Неколку минути подоцна, 22:28 часот во истото епицетрално подрачје синоќа е региситриран и втор потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер. Овој потрес најсилно е почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Тетово, Гостивар и Кичево со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа синоќа во 20:40 часот, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе