Затишје пред бура на Волстрит

На Волстрит, берзанските индекси останаа речиси непроменети во вторникот, бидејќи инвеститорите се претпазливи од бранот квартални деловни извештаи од компаниите, кои веројатно нема да бидат многу светли бидејќи економскиот раст забавува.

Dow Jones загуби 0,03 отсто, на 33.976 поени, а Nasdaq индексот загуби 0,04 отсто, на 12.153 поени. S&P 500 зајакна, од друга страна, за 0,09 отсто, на 4.154 поени.

Стагнацијата на индексот е последица, меѓу другото, и на послабите од очекуваните деловни резултати на инвестициската банка Goldman Sachs и на производствениот гигант Johnson & Johnson.

Првите резултати на компаниите од составот на индексот S&P 500 најавуваат мрачна сезона на објавување деловни извештаи со забавување на економскиот раст.

Очекувањата не се многу светли. Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Reuters, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за 4,8 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година.

„Ова е затишје пред бура. Во следните недели компаниите ќе објавуваат извештаи, а инвеститорите бараат да видат дали има потенцијал за раст на пазарот или не“, рече Бред Мекмилан, директор на Commonwealth Financial Network.

Дополнително, инвеститорите ги следат вестите кои би можеле да укажат на тоа што ќе направат лидерите на американската централна банка на нивниот состанок на почетокот на мај.

Пазарите на пари проценуваат дека има околу 80 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Инфлациските притисоци во САД се намалуваат

Инфлациските притисоци во САД се намалуваат, но други економски показатели сугерираат дека ФЕД може да продолжи да ја затегнува монетарната политика.

Џејмс Булард, претседател на ФЕД во Сент Луис, тој вчера изјави дека централната банка треба да продолжи да ги зголемува каматните стапки, имајќи предвид дека последните податоци покажуваат дека инфлацијата сè уште е присутна.

Рафаел Бостиќ, претседател на филијалата на ФЕД во Атланта, сепак, рече дека ФЕД најверојатно уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,38 отсто, на 7.909 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,59 отсто, на 15.882 поени, а париски CAC 0,47 отсто, на 7.533 поени.

Тагови
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе