Заврши рочиштето во Хаг, конечната пресуда за Ратко Младиќ следната година

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, неправосилно осуден за геноцид и злосторства во Босна и Херцеговина, изјави денеска пред судот во Хаг дека работел чесно и легално како офицер и дека обвинението против него „паднало во вода“.

– Дали е во право претходниот Совет што ме осуди на доживотен затвор? Тие не се во право. Зошто? Тие се во судир на интереси, тие не ја бранеа вистината, туку Холандија и холандскиот баталјон, рече Младиќ, алудирајќи на Сребреница, на крајот на дводневното рочиште за жалбата што ја поднесе против првостепената пресуда.

Тој рече дека Сребреница е „клучот за овој судски процес“, опишувајќи како, по падот на енклавата во јули 1995 година, муслимански војник пукал кон него и „промашил“. Како што рече, тој не возвратил, ниту дозволил обезбедувањето да го стори тоа, затоа што војникот имал елек на УНПРОФОР.

– Судбината ме донесе да ја бранам мојата држава Југославија, која вие западните сили ја расипавте, со помош на Ватикан и таа мафија од Германија, рече Младиќ.

Со повишен глас, тој истакна дека „Ратко Младиќ не ја започна војната и тој не направи план за напад на Југославија“.

На 22 ноември 2017 година, Хашкиот трибунал го осуди генералот Младиќ на доживотен затвор за геноцид во Сребреница; прогонство на Хрватите и муслиманите ширум Босна и Херцеговина; тероризирање на населението на Сараево со долготрајно гранатирање и снајперисти и земање за заложници на членови на УНПРОФОР, 1992-95 година. На пресудата жалба вложи и одбраната и обвинителството, кое побара Младиќ да биде осуден за геноцид во уште пет општини во Босна и Херцеговина.

Правосилната пресуда ќе биде донесена во првата половина од следната година.

реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе