Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман, утринава од 9 часот и 45 минути е блокиран од земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.
Патот го блокираат 50-тина земјоделци со 10 трактори. Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.